Хедлајнерот Diamond D, над 30 диџеи и ентузијасти од сите генерации го направија овој септемвриски ден незаборавен

И покрај дождливото време, Механика на Гранит беше преполна со посетители за деветтото издание на Скопје Винил Конвенција, кое се одржа на 27 септември. Просторот зрачеше со позитивна енергија и вистинска винил магија, со стотици љубители на грамофонски плочи – од посветени колекционери, до тинејџери и родители со деца кои го откриваа шармот на аналогниот звук.

Како и секогаш, програмата беше богата: над 30 продавачи на винил плочи од земјата и регионот, повеќе од 30 диџеи, кулинарски кат, Second Hand продавници и други интерактивни содржини.

Најголемо внимание привлече легендарниот DIAMOND D од Њујорк – пионер во хип-хопот, добитник на Греми и основач на култниот колектив D.I.T.C. Со сет составен исклучиво од 7-инчни плочи, Diamond D ја потврди својата репутација како мајстор на crate digging-от, оставајќи го публиката без здив.

DJ Гоце (Саф) како еден од главните организатори и промотори на винил културата во Македонија го начекавме за една кратка видео изјава каде што ни кажа зошто Винил а не Spotify како и тоа како да изберете грамофон доколку сакате да купите.

Со бесплатен влез и отворен концепт, Скопје Винил Конвенција уште еднаш ја докажа својата улога како инклузивна платформа што ја спојува генерациите преку звукот и плочата.

Во прилог е галерија од нашиот фото репортер Михаил Бутнејски:

#SkopjeVinylConvention #VinylCulture #DiamondD #SVC2025 #ClubbingMacedonia #VinylOnly #DiggingInTheCrates #SkopjeEvents #HipHopHistory #MrX8