По голема пауза со одлична програма е најавен првиот Drum and bass настан во Штип, насловен BASS quake.

Настапуваат Дарко Степич – еден од пионерите на drum and bass музиката во Македонија кој има настапувано на многу фестивали а сцената ја има делено со многу звучни светски имиња како: Prodigy, Grooverider, Freestylers, Black Sun Empire, Noisia, Optiv, BTK и мн други. Покрај настапите во Македонија, има настапувано во Бразил, Германија, Швајцарија, Италијам Унгарија, Грција, Романија и целиот балкан.

Како втор артист настапува Pessimal познат како Nultabyte – млад и перспективен drum and bass продуцент од Скопје и Erik-X8 од Штип како локална поддршка.
Настанот е закажан за петок, 12 мај 2023 во Дом на млади – Штип.

Во склоп на забавата најавена е и изложба од млади уметници од Штип кои своите дела ќе ги изложат за време на забавата.

Штип во изминатата деценија беше значеше за град на Drum and bass култура, благодарение на фестивалот RUN MK каде што настапуваа светски познати артисти, а имаше и голема посетеност од соседните градови и држави.