Легендите на хардкор рап сцената, ONYX, се враќаат во Скопје по цели 15 години – на главната бина на ТАКСИРАТ 2025!

Култната њујоршка група, позната по албумот Bacdafucup – едно од најмоќните изданија во историјата на хип-хопот – повторно ќе ја разбуди публиката со својот суров звук и неизмерна енергија. ONYX се икони на златната ера на рапот, со соработки со имиња како Wu-Tang Clan, Snoop Dogg и Cypress Hill, и влијание што се чувствува до ден-денес.

По историскиот настап на ТАКСИРАТ во 2010 и експлозивната атмосфера на Д Фестивал 2023 во Дојран, каде доминираа на прославата на 50 години хип-хоп – повторно ги очекуваме со истата сила и страст!

6 декември
Арена „Борис Трајковски“
ТАКСИРАТ 2025 | Главна бина

#taksirat #dancemusic #macedonia #clubbingmacedonia #onyx